Search

Бектеши-Лајт: Енергетската независност, безбедност и диверзификација на изворите за снабдување со енергенси

Министерот за економија Крешник Бектеши во рамките на официјалната посета во Вашингтон, САД денеска оствари работна средба со Ендру Лајт, Помошник секретар за енергетика задолжен за меѓународни односи во Депатрментот за енергетика на САД.

Главна тема на состанокот беше развојот на пазарот на енергија во Северна Македонија, енергетската транзиција, безбедност и диверзификација во снабдување со енергенси како и инвестиции во зелена енергија.

Министерот Бектеши на состанокот информираше за инвестициите кои што Северна Македонија ги реализира во делот на енергетскиот сектор пред се во развој на дистрибутивна мрежа за природен гас и интерконекциите за природен гас со соседните земји, како и мерките кои се превземаат за создавање на услови за инвестициите во изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Министерот Бектеши јасно даде до знаење дека соглсно долгорочната стратегија во енергетскиот сектор, Република Северна Македонија ја цени поддршката на својот партнер САД, со заеднички придонес да продолжат да ги развиваат концептите кои се фокус на развој на енергетскиот сектор.
Двајцата соговорници се договорија добро воспоставената соработка да продолжи во континуитет.

Треба да знаете
Последни објави