Финалната серија за кошаркарската титула стартува в петок

Разврската во борбата за шампионската титула во Првата македонска кошаркарска лига почнува в петок кога актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром го пречекува Пелистер во првиот финален натпревар во серијата до три победи.

Вториот натпревар е на програмата в недела во Битола по што финалната серија се враќа во Скопје со третиот дуел во вторник.

Евентуалниот четврти натпревар ќе се игра на 10 јуни во Битола, додека, МЗТ Скопје ќе биде домаќин на евентуалната мајсторка на 12 овој месец.

Пелистер за прв пат е во финалето од разигрувањето за шампионската титула, додека, МЗТ Скопје ќе се обиде по деветти пат да стане шампион на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави