Македонската фудбалска репрезентација преку Варна летна за Разград

Македонската фудбалска репрезентација попладнево преку Варна летна за Разград, каде в четврток (18 ч.) ќе го одигра првиот натпревар од новото издание на Лигата на нации против домашната селекција на Бугарија. „Црвено-жолтите“ од Варна до Разград ќе продолжат со автобус.

Репрезентативците посакуваат успешен старт во новото издание во кое најавуваат атак на првото место во групата 4 од сегментот Ц , каде играат уште селекциите на Грузија и Гибралтар.

Македонските фудбалери во згуснат ритам ќе одиграат четири натпревари во јунскиот циклус во групата. По дуелот против Бугарија, избраниците на селекторот Благоја Милески ги очекува уште едно гостување, на 5 јуни против Гибралтар, по што следуваат два натпревари на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје, против Грузија на 9 јуни и реваншот со Гибралтар на 12 јуни.

Треба да знаете
Последни објави