Search

Шверцери со камења ги нападнаа Тафта Кру и Фемили пред СРЦ Кале

По завршувањето на натпреварот ТФТ-МЗТ Скопје Аеродром, се случи немил настан по кој уште нема информации дали има повредени.

Навивачи од скопската населба Чаир (неофицијално припадници на групата Шверцери) со камења ги нападнаа автомобилите кои се движеа кон центарот на градот, а во кои се наоѓаа членовите на Тафта Кру и Фемили Аеродром при што е причинета голема материјална штета, пренесува КОШ.МК.

Има скршени стакла и на полициски возила, па сообраќајот во тој дел од Скопје привремено беше затворен. Полицијата се обиде да ги фати напаѓачите или барем некој од нив, но не успеа.

Веројатно во текот на утрешниот ден МВР ќе излезе со подетални информации за евентуални повредени и за причинетата материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави