Search

Од Битола заминуваат тренерот Бабиќ и деветмина ракометари

Македонскиот ракометен вицепрвак во машка конкуренција битолски Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има нов тим откако остана без освоен трофеј во конкуренција со скопски Вардар оваа натпреварувачка сезона. Од Битола заминуваат тренерот Жељко Бабиќ и деветмина ракометари на кои им завршува договрната обврска или со платено обештетување.
Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер нема да го носат: унгарскиот репрезентативен голман Мартон Секељи, бековите Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ и Стипе Мандалиниќ, капитенот Јосип Периќ, Матео Мараш, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан и Никола Маркоски.
Во Битола веднаш почна и со најавената реконструкција на тимот и најавено е пристигнување на шест нови ракометари, а  наскоро се очекува и нов тренер.

Треба да знаете
Последни објави