Search

Куртоа против Ливерпул правеше чуда на голот на Реал повреден !

Реал Мадрид ја освои фудбалската Лига на шампиони по 14. пат. Во финалето, во Париз, совладна беше англискиот премиерлигаш Ливерпул минимално со 1:0. Јунак на „кралевите“ за освојување на новиот трофеј беше белгискиот голман Тибо Куртоа. Чуварот на мрежата на Реал, Куртоа блескаше на голот, одбрани дури девет чисти ситуации, а на спротивната страна „кралевите“ имаа „два од два“, но едниот погодок им беше поништен по интервенција од ВАР собата.  „Марка“ денеска обелодени дека херојот на Реал, Куртоа бранел повреден. Пред финалето белгискиот интернационалец имал проблеми со препоните.

За овој здравствен проблем на Куртоа, Реал го известил белгискиот селектор, но докторите по дополнителни прегледи ќе решат дали чуварот на мрежата ќе застане на голот на репрезентацијата или ќе добие одмор.

Треба да знаете
Последни објави