Search

Втор триумф на македонските кошаркари на турнирот во Романија

Македонската машка кошаркарска репрезентација за играчи до 14 години ја забележа втората победа на меѓународниот турнир во романскиот град Плоешти, совладувајќи го денеска Косово со 77-68.

По триумфот над Турција во второто коло, македонските кошаркарски надежи одиграа уште еден квалитетен натпревар и на полувреме имаа солидна предност од 40-29.

Косово го доби третиот период со 22-18, за да намали на 51-56, но „црвено – жолтите” беа подобри во финишот во кој ја одбранија предноста и стигнаа до втората победа на собирот во Романија.

Ѓорѓевиќ беше најефикасен во македонските редови со 20. поени, додавајќи и осум скокови, додека Цветковски постигна 17 кошеви.

Претходно денеска, македонската женска репрезентација до 14 години загуби од Косово со 63-22

Треба да знаете
Последни објави