Search

(Видео) Кошаркарите на Ц.звезда ги спроведуваа играчите на Партизан до соблекувалната

Вториот натпревар од финалната серија во кошаркарскиот плејоф од регионалната АБА-лига меѓу лутите ривали, белградските лигаши Црвена звезда и Партизан заврши со инцидентни сцени. Актуелниот регионален шампион Црвена звезда во драматична завршница го доби и вториот дуел (85:81) и сега е на чекор до одбрана на титулата. Поведе во серијата кој прв до три победи со 2:0. Третиот натпревар од финалната серија, во кој домаќин ќе биде Партизан , ќе се одигра в среда.

Играта и резултатот на дуелот меѓу Црвена звезда и Партизан во вториот меч останаа во сенка на инцидентите по мечот. Еден од тренерите во стручниот штаб на Партизан имаше што да и каже на публиката зад својата клупа, на што домашните навивачи веднаш реагираа, на теренот од трибините беа фрлани разни предмети. Ситуацијата дополнително ескалираше кога во метежот се најдоа поранешните кошаркари на Црвена звезда Кевин Пантер и Матијас Лесор. Неспортски реагира, беше покажан и среден прст на навивачите, а Лесор сакаше и физички да се пресмета со публиката.

Кошаркарите на Црвена звезда имаа голема улога во смирувањето на тензиите, Лука Митровиќ прв застана на влезот во тунелот, спречувајќи ги неговите навивачи да продолжат да фрлаат со разни предмети кон играчите на Партизан.

Големи проблеми имаше и во текот на натпреварот во режија на навивачите на Црвена звезда. тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, беше навредуван исто како и во првиот натпревар, а овојпат навредуван беше и спортскиот директор Зоран Савиќ, поради што натпреварот неколку пати беше прекинуван.

 

Треба да знаете
Последни објави