Search

(Видео) Бостон по пауза од 12 години ќе игра за шампионските прстени во НБА

Бостон ќе играат во финалето од коаркарската НБА-лига против Голден стејт, откако ноќеска ја добија „мајсторката“ во Источната конференција со Мајами (100:96). Тоа ќе биде прв настап за освојување на шампионските прстени за Бостон по пауза од 12 година, а ова им е прва победа во решевачкиот седми меч по цели пет децении, со оглед што последниот ваков триумф го имаа  во далечната 1974 година.

Бостон ќе атакува по 18. титула во клупската историја, а Голден стејт по седмиот трофеј, прв по пауза четири години. Финалната серија почнува на 3 јуни, а домаќин на првиот меч е Голден Стејт, кој ќе ја има предноста ако дојде до евентуалната „мајсторка“ да ја игра на домашен терен.

Најефикасен во редовите на Бостон беше Џејсон Тејтум со 26 поени, додека Смарт и Џејлен Браун постигнаа по 24 поени. Кај Мајами најмногу поени постигна  Џими Батлер 35.

 

Треба да знаете
Последни објави