Ѓоковиќ во три сета го победи Шварцман за место во четвртфинале на Ролан Гарос

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако славеше против Аргентинецот Диего Шварцман во три сета со 6-1, 6-3 и 6-3.

Првиот сет почна како од бајка за Ѓоковиќ, кој направи два брејка, откако претодно спаси две топки во третиот гем и го доби сетот со 6-1.

Во вториот се Шварцман водеше со 3-0 и го покажа својот квалитет, но потоа Ѓоковиќ со неверојатен пресврт стигна до 6-3.

Третиот сет беше израмнет, по што Ѓоковиќ спасуваше брејк-топка на свој сервис, но потоа го скрши ривалот и до крајот немаше проблеми за да го освои третиот сет со 6-3.

Во четвртфинале ќе се соочи со подобриот од мечот меѓу Рафаел Надал и Феликс Оже-Алијасим.

Треба да знаете
Последни објави