Монца на Берлускони испиша историја – се пласира во Серија А!

Монца е последниот тим од Серија Б што се пласираше во италијанската фудбалска елита откако вечерва на ревашн натпреварот од плејофот славеше како гистин кај Пиза со 3-4 по продолженијата.

Домашниот тим славеше со 3-2 во регуларните 90 минути, па натпреварот отиде во продолженија, бидејќи на првиот натпревар Монца пред своите навивачи победи со 2-1. Во Италија исто како и во натпреварите на УЕФА не важи правилото „гол во гости“.

Во дополнителнито време гостите погодија уште два пати за конечни 3-4 и пласман во Серија А.

Интересно е тоа што сопственик на овој тим е Силвио Берлускони, а директор е Адријано Галија. Овој тандем повеќе од 30 години беше на чело на Милан, кој под нивно водство го имаше најуспешниот период во својата богата историја.

Од следната сезона Монца и Милан ќе бидат ривали на теренот. Помалиот клуб ќе игра во елитата за прв пат во историјата, а „росонерите“ како бранителите на тронот во Италија.

Нови прволигаши освен Монца се и Лече и Кремонезе.

Треба да знаете
Последни објави