МЗТ Скопје прв финалист во кошаркарскиот плејоф на македонското првенство

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром ќе игра во финалето на плејофот, откако вечерва во СРЦ „Кале” го победи ТФТ со 92:82.

Аеродромци полуфиналната серија ја завршуваат со 2:0. Најефикасни на вечерашниот меч беа Ајви со 18, Милошевиќ со 17 и Дамјан Стојановски со 16 поени.

Во поразениот тим се истакнаа Морган со 19, Хортон со 17 и Николов со 15 поени.

Претходно во текот на денот Еуро Никел во Кавадарци го победи Пелистер со 90:89 и се изборија за трет натпревар во втората полуфинална серија од плејофот.

Треба да знаете
Последни објави