Search

Борусија Дортмунд и тренерот Розе ја прекинаа соработката

Марко Розе и германскиот фудбалски бундеслигаш Борусија Дортмунд ја прекинаа соработката, иако имаа договор до 2024 година.

По само една сезона поминато на клупата кај „милионерите“ Розе го напушта Дортмунд. Борусија  сезонава не освои ниту еден трофеј, а заврши како втора во Бундеслигата.

-По нашата интензивна анализа, во која учествуваа Розе, Вацке, Цорк, Кел и Замер, клубот реши да ја прекине соработката. На Розе му посакуваме успех и среќа во понатамошните негови ангажмани – се вели во соопштението на Борусија Дортмунд.

Треба да знаете
Последни објави