Search

Во Торино започна финалето на 66.издание на изборот на Евросонг

Во Торино, Италија, започна финалето на 66.издание на изборот на Евросонг. На финалната вечер на евровизиската сцена се натпреваруваат 25 земји, меѓу кои и овој пат ќе ја нема Македонија откако македонската претставничка Андреа Коевска со песната “Circkles” не успеа да го мине полуфиналето.

Според прогнозите, најголем фаворит за победа е украинскиот бедн Калуш Оркестра. Украина уште од самиот почеток е на врвот на листите како можен победник, зад неа следува Обединетото Кралство, Шведска, Италија, Шпанија, а високо котира и српската претставничка Констракта која со својата оргинална и невообичаена изведба го привлече вниманието на јавноста, но и симпатиите на публиката.

Од првото полуфинале на 10 мај, во финалето влегоа Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија, а на втората полуфинална вечер,  во финалето продолжуваат Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.

Треба да знаете
Последни објави