Search

„Сузуки” го напушта Мото ГП на крајот на сезоната

Екипата „Сузуки” објави денеска дека сака да го напушти Мото ГП на крајот на оваа сезона, додавајќи оти преговара за тоа со „Дорна”, која е промотор на натпреварувањето за Светското првенство во мотоциклизам.

Во официјалното соопштено издадено пред трката за Големата награда на Франција, јапонскиот производител „Сузуки” истакна дека причина за ваквиот чекор е од финансиска природа, и оти компанијата разгледува целосно повлекување од натпреварувачката програма.

– За жал, актуелната економска состојба и потребата за концентрирање на своите напори на големите промени со кои се соочува авто – мото светот изминатите години го принудуваат „Сузуки” на драстично намалување на трошоците поврзани со натпреварувачката програма, се наведува во официјалното соопштение, во кое се додава дека компанијата сака „сите своите економски и човечки потенцијали да ги користи за развој на нови технологии”.

„Дорна” минатата недела го потсети „Сузуки” дека не може да донесе еднострана одлука, бидејќи јапонската компанија лани го продолжи договор за настап во Мото ГП до крајот на 2026 година.

Треба да знаете
Последни објави