Search

Андреа со одличен настап во полуфиналето на Евросонг

Пред малку заврши настапот на нашата евровизиска претставничка Андреа Коевска, која настапи со својата песна „Circles“ под реден број 11.

Иако имаше прилично едноставен настап, Андреа имаше моќна вокална изведба и совршено ја пренесе емоцијата на нејзината песна. Со други зборови, им одржа лекција на своите поискусни колеги од македонската музичка сцена.

Облечена во монохроматска модна комбинација, за која се погрижи нашата стилистка Цаци Паковска, нашата талентирана пејачка остави убав впечаток на евровизиската сцена.

 

Треба да знаете
Последни објави