Search

Никола Јокиќ втора година по ред е МВП во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ втора година по ред ќе ја добие најпрестижната индивидуална награда во НБА лигата – МВП. Оваа информација ја пренесе добро упатениот новинар Адријан Војнаровски, кој откри дека одлуката официјална и ќе биде соопштена во наредните денови.

Лидерот на Денвер Нагетс ќе може да се пофали дека станал само тринаесетти играч во целата историја на НБА кој два пати по ред му израдувал на највредната поединечна награда која се доделува во светската кошарка

Најдобриот играч на Денвер Нагетс и оваа сезона имаше фантастични настапи на американскиот паркет и го предводеше својот тим до скор од 48-34 и шестото место во Западната конференција.

27-годишниот центар сезоната ја заврши со просек од 27,1 поен (58,3% од игра, 33,7% за три поени), 13,8 скока и 7,9 асистенции.

Сезонава Јокиќ стана и првиот играч во историјата на НБА со најмалку 2.000 поени, 1.000 скока и 500 асистенции.

Во овој век, две МВП награди во низа има освоено уште Јенис Антетокумбо, Стеф Кари, Леброн Џејмс (двапати по ред), Стив Неш и Тим Данкан. Во првото коло од плеј-офот, Јокиќ и Нагетси беа сопрени од Голден Стејт со 4-1.

Треба да знаете
Последни објави