Search

Фудбалска „војна“ во Тетово: Фудбалер на Шкупи погоден со камен, удрен помошникот судија…

Дербито во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи донесе голем број прекини, а последниот беше предизвикан поради удар кон помошникот на Александар Ставрев.

Во еден момент публиката фрли тврд предмет и го погоди линискиот судија во ногата. Тоа донесе нов прекин и нова мешаница на теренот, по која се судрија и фудбалерите на двата тима.

Најжестоки беа Егзон Бејтулаи и Мамаду Данфа. Мораа да реагираат Гоце Седлоски и Артим Шаќири за да ги смират двете страни. Следеше неколкуминутен прекин, Данфа беше испратен дури и во соблекувалната за да се смири, поради расистички испади од трибините.

На почетокот на вториот дел со камен во глава беше погоден Ардит Иљази, играчот на Шкупи.

Треба да знаете
Последни објави