Search

Тотенхем му зеде бод на Ливерпул и го оддалечи од титулата

Ливерпул не успеа да ја продолжи победничката низа. На „Енфилд“ дојде Тотенхем и успеа да освои бод играјќи 1-1. Ова многу ќе го чини тимот на Јирген Клоп во трката за шампионската титула. Сега „црвените“ се првопласирани на табелата, но само поради еден гол повеќе од Манчестер Сити, со идентични 83 бода, а „граѓаните“ имаа еден меч помалку.

Хјонг-Мин Сон погоди за 0-1 56.минута Луис Дијаз израмни во 74.минута. И покрај притисокот на „црвените“ во судиското продолжение, Спарс можеа да дојдат до трите бода ако Пјер-Емил Хојбер решеше со глава да бие во голот на Ливерпул наместо да го проигрува Хари Кејн.

Ливерпул со овој бод се израмни со Манчестер сити на врвот со 83 бодови, но „граѓаните“ утре го играат својот натпревар со Њукасл и ако победат можат да направат огромен чекор кон одбрана на титулата.

Треба да знаете
Последни објави