Саша Богдановиќ стана татко: Добредојде сине Лазаре!

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ и неговата сопруга Јелена станаа родители на момче, кому му го дадоа името Лазар.

Оваа убава вест ја сподели самиот Богдановиќ на социјалната мрежа Фејсбук.

„Слава ти Боже. Добредојде сине Лазаре“, објави поранешниот градоначалник.

Како потсетување, Саша Богдановиќ е во среќен брак со Јелена Брауновиќ, која е наставничка во ОУ „Киро Глигоров“. Двајцата се запознале во Косово, па токму затоа пред две години се венчаа во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Грачаница.

Треба да знаете
Последни објави