Брајтон го понижи Jунајтед, реми на Челзи со Вулвс

Манчестер јунајтед доживеа нов срам сезонава, откако загуби на гостувањето кај Брајтон со 4-0 во натпревар од 36. коло во англиската Премиер-лига. Со овој пораз „црвените-ѓаволи“ и дефинитивно се простија од Лигата на шампионите.

Брајтон игра атрактивен фудбал цела сезона, но денеска му одржа фудбалска лекција на фаворизираниот тим од „Олд Трафорд“. Јунајтед можеби и заслужи да даде некој гол, но можеше да прими и повеќе од оние четири кои завршија во мрежата на Де Хеа и кои го одредија конечниот резултат.

Брајтон стигна до својата четврта победа во историјата против Јунајтед, а тоа беше најавено со голот на Каиседо во првиот дел, по што следеше канонада во мрежата на шпанскиот голман во вториот дел.

Кукурелја, Грос и Тросар го торпедираа тимот на Ралф Рангник од 49-та до 60-та минута и стигнаа до предност од 4:0, со што само ја потврдија мизеријата на Јунајтед кој едноставно не знае да се брани од противничките налети. Јунајтед до крајот постигна еден гол, но истиот беше поништен од страна на ВАР.

Екипата на Челси продолжува да игра лошо во Премиер лигата, а најновиот разочарувачки резултат го оствари денеска на пресметката против Вулверхемптон.

„Сините“ беа фаворити и се водеше до тоа дека ќе го оправдаат тој статус откака Ромелу Лукаку даде два гола од 56 до 58 минута. Со ова Белгиецот дојде до бројката од 200 лигашки погодоци во својата досегашна кариера.
Меѓутоа четата на Тухел знае да покажи слабости, па тоа го искористи противникот кој прво преку Тринкао во 79 минута намали на 2-1.

Овој резултат беше активен се до 97 минута кога капитенот Коуди со удар со глава го матираше Менди за 2-2.

Челси е трет со 67 бода или четири повеќе од Арсенал и шест од Тотенхем кои доправа ќе ги одиграа мечевите од 36. рунда.

Треба да знаете
Последни објави