Француските социјалисти го ратификуваа изборниот сојуз со Бунтовна Франција

Француската социјалистичката партија (ПС) отвора нова страница во својата историја, откако раководството склучи изборен сојуз со Бунтовна Франција (ЛФИ) на Жан-Лук Меланшон. Националниот совет на ПС со големо мнозинство го одобри заедничкиот договор за левицата што го предводи ЛФИ за законодавните избори, јави дописникот на МИА.

Ова беше последната потврда пред официјализирањето на „Новиот народен сојуз” составен од бунтовници, екологисти, комунисти и сега социјалисти. Овој „суштински” момент, според Оливие Фор, првиот секретар на партијата, е направен за да овозможи да се оперира „појаснувањето” на ПС.

-Постои сомнеж во јавноста. Французите веќе не знаат кој е социјалист. Првиот настан на ова појаснување е вечерва да се каже дека сме во просторот на левицата и дека нема да се поместиме од таму!

Оливие Фор, од друга страна, ги повика оние кои повеќе не се таму да му се придружат на Емануел Макрон.

Треба да знаете
Последни објави