Стипендии за виртуелно учество на летна академија на Обединетите нации

 Државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија известува дека Северна Рајна-Вестфалија повторно ја спонзорира Летната академија на ОН на колеџот за персонален систем на Обединетите нации (УНССЦ) за глобалните цели за одржливост од Агендата 2030, која и оваа година ќе се одржува виртуелно од 27 јуни до 1 јули 2022.

Покраината Северна Рајна-Вестфалија го поддржува доделувањето на вкупно 62 стипендии, при што ќе ја финансира таксата за петдневното виртуелно учество на добитниците на стипендијата.

– Со особено внимание ќе се разгледуваат пријавите од партнерските земји и региони на Северна Рајна-Вестфалија како што е Република Северна Македонија. УНССЦ ги охрабрува заинтересираните да учествуваат на Летната академија на ОН со регистрација на следнава страница: http://bit.ly/UNSA_2022 Крајниот рок за пријавување е 13 мај 2022 година, објави Министерството за образование и наука на веб-страницата каде што е достапен и повикот за доделување на стипендиите.

Треба да знаете
Последни објави