„Скопје сити мол“ со подарок парк и игралиште за жителите на Карпош и Скопје

На 5. мај во присуство на градоначалникот на општина Карпош, посетители и гости, е пуштен во употреба новиот парк пред Скопје Сити Мол, подарок од трговскиот центар за општина Карпош. Паркот се протега на повеќе од 850 метри квадрати и е хортикултурно уреден со висококвалитетни садници, цвеќиња, зеленило, како и урбана опрема. Во рамки на паркот уредена е и летна тераса на која може да се организираат помали настани.

Ова ново катче наменето за најмладата генерација е донација на „Скопје Сити Мол“, која како општествено одговорна компанија е секогаш насочена кон поддршка и задоволување на општествените потреби, посебно во Општина Карпош со која се негува долгогодишна соработка.

Главна атракција во рекреативниот парк наменета за младите посетители е игралиштето изградено според светските трендови со специјално дизајнирана кула за качување која нуди широк спектар на особено возбудливи активности. Кулата е висока околу 8,5 метри е изградена според најдобрите европски стандарди од сложени форми поставени во облик на структура на ДНК. Челичната конструкцијата за качување може да се искачи преку тродимензионална мрежа направена од јажиња во внатрешноста на кулата, кои истовремено обезбедуваат авантура и учење за совладување на пречки за децата, но обезбедуваат и безбедност за корисниците. Покрај оваа кула има и други реквизити како твистер патека, пикадили вртелешка, љуљашка, лизгалка, еди спинер и други..

„За нашите соседи, жителите на Карпош, за жителите на Скопје и за нашите посетители создадовме ново катче за дружење и забава. Во годината кога го славиме нашиот десетти роденден, ова е наш подарок за позелена околина и нови атрактивни содржини за заедницата во која живееме и работиме.“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Детско парк игралиште исто така е со атрибут на Ботаничка Градина каде има:

18 различни видеа растенија

33 дрвја со старост од 10 -30 години

250 грмуски

550 украсни треви

Од Терцијалниот реликт Гинко Билоба преку Персиското цело дрво до Степски „пердувести треви“ и многу други….

Целосното уредување на паркот е инвестиција во вредност поголема од 32.000.000,00 денари и е целосно донација на Скопје Сити Мол за жителите на Карпош и Скопје, но и за сите посетители на трговскиот центар. Новоуредениот простор е во целосна сопственост и владение на општина Карпош. Скопје Сити Мол ќе се грижи и за тековното одржување на паркот и детското игралиште. Користењето на паркот и детското игралиште се бесплатни.

Повеќе информации се достапни на www.skopjecitymall.mk

Треба да знаете
Последни објави