Search

Рома и Фенорд ќе се борат за трофејот во Конференциската лига

Рома со 1-0 го победи Лестер и се пласираше во финалето од Конференциската лига на УЕФА каде ќе игра против Феенорд кој го помина Марсеј откако одигра без голови на негов терен.

Калчолигашот се избори за минимален триумф од 1-0 на реваншот на „Олимпико“, но истиот беше доволен за конечна победа од 2-1 и можност овој клуб по 31 година да дојде до пехар во европско натпреварување.

Клучниот момент на средбата во Рим се случи во 11 минута кога Ејбрахам со удар со глава го матираше Шмајхел. Ова за напаѓачот беше 9. гол во Конференциската лига или вкупно 25 во сите натпреварувања со што стана прв англиски играч со ваков учинок во најсилните пет лиги на стариот континент.

Ова воедно ќе биде можност за Жозе Мурињо да дојде до нов пехар во натпреварувањата кои се под капа на УЕФА, тој досега се има радувано во ЛЕ, ЛШ што значи само една победа го дели од историја.

Истата треба да ја оствари на 25 мај во Тирана и тоа против Феенорд. Холандскиот прволигаш одигра без голови против Марсеј на „Велодром“ што значи дека триумфот од 3-2 на домашен терен се покажа како доволен за место во наредната рунда.

Треба да знаете
Последни објави