Search

Ковачевски: Лидери се луѓе што решаваат прашања за идните генерации, а не тие што мислат само на личниот рејтинг

„Кога зборуваме за лидерски концепти, лидери се луѓе што носат одлуки и решаваат прашања за идните генерации, за благосостојбата на граѓаните и се справуваат со најголемите проблеми. Не е лидер тој што мисли само на личниот рејтинг и кога ќе бидат наредните избори“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека тоа што го прави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е најнеодговорното нешто што може некој да го направи во време на најголемата економска, енергетска, здравствена и воена криза во Европа по Втората светска војна.

„Во услови кога растат цените на енергенсите, кога растат цените на храната и во услови кога во Европа сите политички субјекти се обединуваат за да најдат начини за задржување на животниот стандард, Мицкоски продолжува со блокади“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека однесувањето на Мицкоски е неодговорно и претставува мобинг врз пратениците, кои се избрани од граѓаните, а не од партијата.

„Тој активен бојкот, како што го нарекуваат, нема да нанесе штета на Владата или на Собранието, туку ќе нанесе штета на граѓаните. Треба да се носат брзи решенија за справување со кризата, а не да се блокира и бојкотира“ рече Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави