Search

Во недела шесто издание „Скопје трча 10 КМ”

Уличната трка, која од локална, прерасна во меѓународна, „HalkEco Skopje Run 10KM”, ќе се оддржи на 8 мај, во недела, со почеток во 9 часот. Патеката по која ќе трчаат натпреварувачите ќе биде иста како и минатата година, како и стартот и целта – пред фонатаната „Лотос”.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, заедно со Атлетскиот клуб Работнички и насловениот спонзор Халкбанк, генералени покровители на трката се Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт.

Натпреварувачите, пред самиот старт на трката ќе бидат сместени во пет стратни бокса, според времето кое тие го одбрале и ќе трчаат еден круг.

– Бидејќи трката е од натпреварувачки карактер, за првите 5 места во машка и женска конкуренција, ќе има парична награда. Со пехари и дипломи ќе бидат наградени и најбрзите во следните возрасни категории: од 35 до 44 год., од 45 до 54 години и над 55 години. Церемонијата на доделување на награди ќе започне по завршувањето на трката. Пријавените тркачи своите стартни пакети ќе можат да ги подигнат на 6 и 7 мај, од 12 до 18 часот, во Skopje City Mall на 2 спрат кај продавниците за спортска опрема. Важно при подигнување на стартниот број е тркачите да прикажат документ за идентификација или потврден меил од организаторот за пријава на самата трка, соопшти организаторот на трката.

Се очекува настап и на најдобрите македонски атлетичари Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски кој е рекордер и победник на сите досегашни изданија на оваа трка.

Треба да знаете
Последни објави