Search

(Видео) Тројца убиени, четворица ранети во напад со нож во Израел

Најмалку три лица се убиени, а четири се ранети од кои двајца се наоѓаат во тешка состојба во напад со нож што се случи вечерва во градот Елад во близина на Тел Авив, соопштија израелски лекари.

Полицијата се сомнева дека зад нападот стои екстремист кој побегнал со возило од местото на крвавиот настан.
Безбедносните сили поставија блокади на околните патишта, а подрачјето го надлетуваат и хеликоптери во обид да го лоцираат напаѓачот.

Палестинската есктремистичка група Хамас го пофали нападот, но не презеде одговорност за него, додека Израел денеска го одбележува Денот на независноста.

Треба да знаете
Последни објави