Search

Се обидел да влезе во Македонија со 73.000 евра скриени во рачен фрижидер

Српските цариници пронајдоа 73.000 евра во рачен фрижидер на патник кој се обидел да влезе во Македонија на граничниот премин Прешево-Табановце.

Медиумите од Србија пишуваат дека прекршокот бил откриен кога царинските службеници во соработка со полицијата на излез од државата за детален преглед издвоиле „бмв“ со австриски регистарски таблички.

„На вообичаеното прашање на цариникот, патникот одговори дека носи само личен багаж и дозволениот износ на готовина. При деталната контрола, меѓу другото, во багажникот на автомобилот бил пронајден и рачен фрижидер, кој наместо со храна, бил наполнет до врв со пари“, соопшти Царинската управа.

Мал дел од непријавените пари биле пронајдени во преградата на чантата за лаптоп, која, истотака, била багажникот на автомобилот.

„Патникот имал намера незаконски да префрли преку граница 73.100 евра, од кои веднаш му се вратени 10.000 евра, а за преостанатиот износ ќе одлучува надлежниот суд во прекршочната постапка“, соопшти Царинската управа на Србија.

Треба да знаете
Последни објави