Search

Во Дубаи 45 македонски државјани поседуваат 55 недвижности во вредност од 14 милиони долари

Новото протекување на податоци за недвижнини во Дубаи откри имиња и детали за странски државјани, обвинети, осудени или осомничени за меѓународен криминал, кои поседуваат имот во Обединетите Арапски Емирати.

Како што објави порталот Пари, на деталната листа на која се наведени бројки на сопственици на имот во Дубаи и нивната вкупна вредност, се наоѓаат и 45 македонски државјани, кои поседуваат 55 недвижности во вкупна вредност од 14 милиони долари, но не се објавени нивните имиња.

Протекувањето опфатило 800.000 имоти во сопственост на 274.000 поединци и компании од целиот свет. Репортерите открија дека многумина од личностите кои биле предмет на истрагата биле ставени под меѓународни санкции, осудени за злосторства или се под истрага.

Останатите, богатство складирано во имотите во Дубаи не го пријавиле во своите матични земји и се чини дека го сокриле во нивните изјави за богатство.

Долго време познат како рај за незаконски финансиски зделки, даночно затајување и перење пари, Дубаи е врвна дестинација каде сомнителните ликови ги кријат своите пари преку недвижен имот. Врз основа на информации од јавен карактер, истрагата процени дека странците инвестирале над 145 милијарди долари на пазарот на домување во Дубаи.

Извор: Пари.мк

Треба да знаете
Последни објави