Search

Ратко Павличевиќ нов селектор на одбојкарите

Ратко Павличевиќ ќе биде новиот селектор на одобојкарската репрезентација на Македонија.Одбојкарската федерација постигнала договор со српскиот стратег кој ќе дојде на местото на Душко Николиќ кој седна на клупата на Босна и Херцеговина. Претходно Павличевиќ беше тренер на Шеноа од Швајцарија, а во минатото го водеше женскиот и машкиот тим на ОК Црвена Звезда. Има искуство и со работа во Грција и Саудиска Арабија.

Наскоро македонските одбојкари треба да почнат со подготовките за настап во Европската сребрена лига каде што ќе играат со Албанија, БиХ и Романија.

Треба да знаете
Последни објави