Search

Официјална посета на Спасовски на Министерска конференција во Атина

Денеска и утре (3 и 4 мај 2022), министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на официјална покана од својот колега министерот за цивилна заштита на Елинската Република, Панајотис Теодорикакос, ќе учествува на Министерска конференција во Атина, организирана во рамки на претседавањето на Елинската Република со Процесот за соработка на Југоисточна Европа(ПСЈИЕ) – 2021-2022 година. Министерот Спасовски ќе се обрати на Конференцијата, а предвидена е и билатерална средба со грчкиот колега Теодорикакос.

Треба да знаете
Последни објави