Search

Нема извинување – Русите се огласија по изјавата на Лавров

Руското МНР не се извини за изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за „Хитлер кој имал еврејска крв“, но најави дека продолжиле со дипломатскиот напад врз Израел.

„Го свртевме вниманието на неисториските изјави на израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид, кој во голема мера го објаснува фактот дека актуелната израелска влада продолжува да го поддржува неонацистичкиот режим во Киев“, објави руското Министерство за надворешни работи на Твитер.

Рускиот министер за надворешни работи во интервју за италијанска телевизија во неделата изјави дека нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер има еврејски корени, додавајќи дека „најжестоките антисемитисти обично се Евреи“.

Следеше жестока реакција на Израел. Шефот на дипломатијата на земјата, изјавата на Лавров ја нарече „непростлива и скандалозна“, а на разговор беше поканет и рускиот амбасадор во Израел.

Треба да знаете
Последни објави