Search

Македонец со нож избодел петмина во Вараждин

Обвинител во Вараждин покренал истрага за 23-годишно момче од Македонија кое пред неколку ноќи во центарот на овој хрватски град се обидел да убие едно лице, а повредил уште четворица. На осомничениот, како што пренесува индекс.хр,  му се заканува казна затвор во траење од 5 години.

Инцидентот се случил на 28 април во 3 часот по полноќ кога Македонецот со два убоди од нож на сред улица му нанел отворена рана на стомакот со внатрешно крварење на едно лице.

Исто така, постои основано сомнение дека во истата прилика на други четири жртви им нанел повеќе убодни рани и расекотини и им нанел телесни повреди, се вели во обвинението.

На напаѓачот му е одредена мерка притвор поради опасност од повторување на делото, опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци во текот на истрагата. Ќе му се суди за две кривични дела.

Треба да знаете
Последни објави