Search

Македонец се самозапали во Нов Белград очаен да не остане без покрив над главата

Жан Н, државјанин на  Македонија, денеска се обидел да се самоубие полевајќи се со бензин и се запалил бидејќи работници дошле да ја урнат бараката во која живеел со мајка му во Нов Белград. Откако работниците го изгаснале пожарот со ПП апарат, несреќниот млад човек отишол во продавница одалечена километар да моли за помош!

Како што дознава „Блиц“ од работниците на градилиштето, Жан и неговата мајка имале право на владение, но морале да бидат иселени бидејќи бараките во кои живеат се наоѓаат на градилиште на станбен комплекс.

– Сакавме легално да ги иселиме, но немаа каде да одат – вели тој и додава дека мајката на несреќниот маж во еден момент ги гаѓала со камења.

Ситуацијата брзо ескалирала и очаен да не остане бездомник, Жан Н. се полеал со бензин и се запалил. Работниците кои дошле да ги иселат со себе понеле и ПП апарат, најверојатно затоа што Жан претходно се заканувал дека ќе се самозапали, а веднаш откако го сторил тоа, го изгаснале пожарот на неговото тело!

Несреќниот и тешко повреден маж отишол сам на километар до првата продавница и ги молел работниците за помош.

– Тие работници на градилиштето дојдоа пред нивната барака со секира, пила. Веднаш бил изгаснат кога се запалил, но сепак се добил страшни повреди. Кожата му висеше од рацете… – велат шокираните вработени во продавницата.

Како што велат, Жан го познаваат од порано бидејќи од раѓањето живеел во таа барака.
Знаеле дека тој и неговата мајка морале да се иселат од касарната каде што живееле повеќе од 30 години.

-Овде од раѓање живее соседот, Македонец. Имале станарско право, но тој барал пари, а инвеститорот не сакал да му ги даде… Неколку пати се заканувал дека ќе се запали… Сега тоа ветување го одржа, додаваат оттаму.

Жан бил пренесен во Ургентниот центар со ужасни изгореници, а шокираната мајкат кратко рекла: „Се е уништено“.

Таа лежеше на земја и плачеше. За синот не можела ништо да каже, а за бараките во кои живееле додала:
„Пред некој ден демолираа помошни објекти, кујната и бањата. Утрово дојдоа и рекоа дека нема да не допираат. После половина час се појавија и почнаа да демолираат. Да не излезевме ќе бевме мртви“.

Треба да знаете
Последни објави