Search

Костовски: СДСМ инвестира во енергетска трансформација и успешно се справува со кризата

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски е посветена на енергетска транзиција за зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори.

Во време на светска енергетска криза, активирани се сите домашни капацитети за производство на електрична енергија со цел да се намали зависноста од скап увоз на струја.

Во РЕК Осломеј веќе е пуштена во употреба нова фотонапонска електрана од 10 мегвати, инвестиција на АД ЕСМ.

На ова локација преку договори за јавно приватно партнерство ќе се изградат уште две електрани, а АД ЕСМ ќе гради уште една електрана со што вкупната моќност на фотонапонските електрани во некогашниот загадувач ќе изнесува 120 мегавати.

За непречено и стабилно снабдување со природен гас Владата предводена од СДСМ ќе инвестира во гасната централа Александропули во Република Грција.

Важно е да се издвои и стратешкиот проект Чебрен, кој за прв пат се наоѓа во втора фаза и за чија реализација има интерес од неколку светски реномирани компании.

Истовремено, потпишани се и договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД, како и соларниот парк Стипион во Штип.

Преку навремени мерки и чекори, Владата предводена од СДСМ го заштити стандардот на граѓаните од ценовни шокови при раст на цената на енергенсите на светските берзи.

Државата денес субвенционира 80 отсто од цената на електричната енергија за домаќинствата.

Со оваа мерка и со намалувањето на ДДВ на пет отсто едно семејство во просек заштедува по 2.150 денари на сметките за електрична енергија.

Преку намалување на акцизата и ДДВ за горивата цената на нафтените деривати во Северна Македонија е најниска во регионот.

Ова се чекорите кои на дело ја потврдуваат заложбата на Владата за заштита на економскиот стандард на граѓаните во време на криза, но и за зголемување на енергетската независност.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои се во интерес на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави