Search

Ким Кардашијан благодарна на Канје Вест што ѝ ја врати секс-снимката

Ким Кардашијан му е благодарна на Канје Вест бидејќи ѝ ја донел снимката со секс со поранешното момче Реј Џеј, која протече во јавноста во 2007 година, нагласувајќи дека сака да ги заштити своите деца од тоа. Ким, наводно, им се јавила на своите адвокати со цел да го спречи Реј Џеј да објави уште една секс- снимка од нив двајца. Ким и Реј Џеј имале 22 години кога го снимиле видеото.

Ким се расплака откако нејзиниот поранешен сопруг успеал да го добие компјутерот и хард дискот на кои очигледно се наоѓало домашно видео со ознака „икс“, и во првата епизода на „Семејството Кардашијан“, таа му се заблагодарува на Канје.

Во премиерната епизода на новиот реалити-серијал „Кардашијанс“, Ким, која има четири деца со раперот, рече: „Канје одлета дома синоќа и се врати ова утро и сакам да ви покажам што ми донесе. Ми ги врати сите снимки од домашното видео.“

„Знам дека Канје го направи ова за мене, но исто така го направи и за моите деца. Сакам да ги заштитам колку што можам, и ако имав моќ, или ако Канје има моќ, тоа ми е најважно, и едноставно многу ми значи“.

Треба да знаете
Последни објави