Search

До 2025 година, летот од Сиднеј до Лондон ќе трае 19 часа

Австралиската авиокомпанија Qantas објави дека ќе го започне најдолгиот непрекинат комерцијален лет до крајот на 2025 година – од Сиднеј до Лондон за 19 часа. По пет години планирање, компанијата објави дека нарачала 12 авиони Ербас А350-1000 за летови до далечните градови како дел од програмата „Проект изгрејсонце“.

Овие летови ќе започнат од Сиднеј до крајот на 2025 година, а подоцна би можеле да бидат продолжени и во Мелбурн, пишува агенцијата Франс прес.

„Новите типови на авиони овозможуваат нови работи“, рече директорот на Qantas Алан Џојс во изјавата.

„А350 и Project Sunrise ќе го оддалечат секој град на само еден лет од Австралија“, додаде тој.

Qantas започна со тестирање на долги летови во 2019 година, вклучувајќи го и тогашниот пробен лет од 17,8 илјади километри меѓу Лондон и Сиднеј, кој траеше 19 часа и 19 минути.

Истата година беше тестиран лет меѓу Њујорк и Сиднеј, долг 16,2 илјади километри, кој траеше нешто повеќе од 19 часа.

Треба да знаете
Последни објави