Search

Град Скопје обезбедува поддршка за сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи

Град Скопје соопшти дека се вклучува во спроведување сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи што се реализира од Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет” Скопје. За активностите и динамиката на реализацијата, денеска разговараа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претставници од здружението.

– Со реализацијата на овој проект се овозможува квалитетен третман за сензорна интеграција на децата со аутизам и АДХД од семејства во ризик и со ниски примања. Овој третман нуди можност да се подобри квалитетот на живеење на деца со аутизам и АДХД и создавање услови за нивна самостојност, истакна Арсовска на средбата.

Спроведувањето на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи на децата им овозможува индивидуална дизајнирана најсовремена терапија за сензорна интеграција со вклучен логопедски и дефектолошки третман, информираат од Град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави