Search

Геогиевски: Не гледам зошто е проблем да се признае бугарското малцинство, во Македонија има српско, но не и руско влијание

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не гледа зошто се прави проблем за да се признае бугарското малцинство во Македонија.

„Најголем проблем од тоа што можев да сфатам е проблемот со малцинството, да се признае бугарско малцинство во Македонија. Јас навистина сметам дека тоа не е никаков проблем, и ние сами си измислуваме проблеми во Македонија“, вели Георгиевски.

Tojексклузивно посочи дека прв креатор на договорот за соработка со Бугарија бил Борис Трајковски.

Според Георгиевски, Трајковски тогаш бил заменик министер за надворешни работи.

-И он ја доби таа задача да преговара. И го правеше тоа со волја, вели Георгиевски.

истакна дека во Македонија има српско, но не и руско влијание.

„Ти да кажеш во Македонија дека има српско влијание, нема многу да згрешиш и јас тоа сум го кажал 100 пати. Ама да кажеш дека во Македонија има руско влијание…“, истакна Георгиевски.

Според него, тие воопшто не ја познаваат Македонија.

Треба да знаете
Последни објави