Search

Вучиќ: Ова ќе биде најтешката зима за цела Европа во последните 70 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојуваше во еднодневна посета на Грција, каде што присуствуваше на почетокот на работите за изградба на терминал за течен гас во Александрополис.

По церемонијата, како што пишуваат медиумите во соседството, тој изјавил дека заминува во Берлин, каде што ќе биде примен од германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Германија е сериозна земја и се подготвува за она што следува. Ова ќе биде најтешката зима за цела Европа во последните 70 години. Имате два клучни проблема – енергијата и храната и инфлацијата. Добро е што ние немаме висока стапка на јавен долг. Ќе биде доволно, нема да имаме проблеми на крајот, но мора многу да се направи“, изјави Вучиќ, јавуваат регионалните медиуми.

„Кој и да ви каже дека ќе биде прекрасно и одлично – нема. Ќе биде многу тешко. Имате два проблема – енергија и храна. Покрај тоа, и проблемот со инфлацијата. Пред нас се многу тешки работи за да ги обезбедиме трашаните оваа зима“, рекол Вучиќ.

Тој му се заблагодарил на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и додал дека со него разговарал за сите важни теми – Украина, Брисел, европскиот пат на Србија и билатералните односи меѓу Грција и Србија.

„Добро е што бевме овде. Верувам дека во годините што доаѓаат ќе обезбедиме нормален и пристоен живот за нашите граѓани“, изјавил Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави