Search

(Видео) Дончиќ со 45 постигнати поени не го спаси од пораз Далас

Кошаркарите на Феникс победнички ја почнаа полуфиналната серија на Западот од кошаркарскиот плеј-оф во НБА-лигата против Далас со 121:114 и поведоа во серијата кој прв до четири победи со 1:0. Победникот беше решен во првиот дел кога на одмор заминаа со предност од 13 поени. Во вториот дел домаќинот ја зголеми разликата, но во завршницата Далас предовден од Лука Дончиќ се закани но немаше време за пресврт.

Словенецот го заврши мечот со 45 поени, од кои во првиот дел постигна 26 поени, но до крај немаше соодветна поддршка од соиграчите. Кај „сонцата“ најефикасен беше Деандре Ејтон со 25 поени.

Во вториот натпревар, Мајами го искористи неиграњето на Џоел Ембид, и поведе со 1:0 против Филаделфија на Истокот со резултат 106:92.

Треба да знаете
Последни објави