Третата светска војна е веќе почната

Амбасадорот на Украина во Германија, Андриј Мелник даде големо интервју за германски „Билд“.

„Светлината исчезна. Шетањето и уживањето на сонце изгледаат непримерно во ваква ситуација. Има живот пред и по 24 февруари“, рече тој на почетокот.

„Треба да можеш да се смееш, инаку ќе полудиш. Но, мене ми е многу тешко, како и на сите во Украина. Поминав многу непроспиени ноќи размислувајќи за ужасните воени злосторства што Русите ги прават во мојата татковина“, вели Андриј Мелник.

Запрашан за ескалацијата на конфликтот, тој рече дека третата светска војна веќе започнала.

„Третата светска војна веќе започна. Нападот на Путин на Украина влијае на сите. И на Германија, иако сè уште не воено. На сите треба да им биде јасно: Путин сака империјалистички светски поредок со намален НАТО сојуз, сојуз каде Полска, Чешка и Словенија веќе не би биле членки“, рече тој.

„Стравот дека Германија ќе стане страна во војната е целосна глупост. За Путин, Германија е веќе страна во оваа војна. Руската победа во Украина би била најлошото нешто што може да ѝ се случи на Германија“, рече тој.

Што се однесува до вооружувањето, Мелник кажа дека тенковите што ги испратила Германија се стари 40 години.

„За да победиме против Русија, ни треба модерно германско оружје“, нагласи тој.

Треба да знаете
Последни објави