Првомајски демонстрации во Париз во знак на минатите претседателски и идните парламентарни избори

Неколку илјади луѓе излегоа на демонстрации низ Франција по повод Меѓународниот ден на работниците, јави дописникот на МИА.

Една недела по реизборот на Емануел Макрон, неколку синдикати излегоа на улиците за да му испратат пораки насочени кон куповната моќ и пензиите. Овој повик за мобилизација по повод 1 мај, Меѓународниот ден на работниците, беше испратен од четири синдикати: СЖТ, ФСУ, Солидер и – многу невообичаено од синдикатот УНСА.

Синдикалната коалиција вклучува студентски и средношколски движења (УНЕФ, ФИДЛ итн.). Според информациите ширум Франција се одржаа повеќе од сто демонстрации. Во Париз, демонстрантите тргнаа од Плоштадот на Републиката за да одат кон плоштадот на Нацијата.

Во главниот град демонстрациите започнаа мирно, додека полициското присуство е дискретно.

На синдикалната поворка ѝ претходеше група Жолти елеци кои пеаа: „Тука сме”. На раскрсницата Волтер и Оберкамф забележани се тензии, каде синдикалната поворка беше блокирана од неколку инциденти, по што полицијата употреби солзавец.

Судирите продолжија и на плоштадот Леон Блу, каде демонстрантите фрлаа разни предмети врз силите на редот.

Треба да знаете
Последни објави