Search

Уапсено момчето на Ријана- пукал во човек на улица

Момчето на Ријана и иден татко на нивното дете, раперот АСАП Роки, утрово е уапсен од полицијата поради пукањето во кое учествувал во 2021 година, пишуваат медиумите.

Роки е уапсен откако се вратил со својата бремена Ријана од патување во Барбадос, каде што отишле среде гласините за раскинување поради неговата наводна прељуба.

Веста за апсењето за NBC ја потврдил адвокатот на раперот. Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, наводно е под истрага за вмешаност во пукањето на 6 ноември минатата година.

Жртвата, која преживеала, подоцна ѝ кажала на полицијата дека раперот се движел со уште двајца, кога му пришол на улица со пиштол.

Тој тврдел дека Роки го застрелал три до четири пати и верува дека еден од куршумите му ја повредил левата рака.
Ова не е првпат раперот да биде уапсен. Во 2019 година, тој поминал еден месец во затвор во Шведска поради тепачка со наводни зависници од дрога.

Во изјавата по неговото ослободување, Роки тогаш се осврнал на неговиот едномесечен престој во затвор, нарекувајќи го „многу тешко и понижувачко искуство“.

Ријана и Роки деновиве би требало да станат родители.

Треба да знаете
Последни објави