Ѓоковиќ ја почна 365. недела на врвот од АТП-листата

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој од почетокот на годинава има малку настап на терените, благодарение на конкурентите од денеска ја започна 365. недела на врвот на АТП листата. Ѓоковиќ со тоа го зголемува и сопствениот рекорд по бројот на недели поминати на врвот на светскиот тенис.  Ѓоковиќ има 8.420 бодови, десет повеќе од рускиот тенисер Данил Медведев кој замина на принудна пауза поради повред.

Меѓу првите десет тенисери на ранг-листата немаше промени, а по Ѓоковиќ и Медведев следат Германецот Александар Зверев, Шпанецот Рафаел Надал и Гркот Стефанос Циципас.

Од шестото до десеттото место се наоѓаат Матео Беретини, Каспер Руд, Андреј Рубљов, Феликс Оже-Алиасим и Камерон Нори.

Ѓоковиќ неделава конечно ќе настапи на голем турнир, на мастерсот во Монте Карло, а прв противник му е Алехандро Давидович Фокина. Ѓоковиќ бидејќи не се вакцинира против коронавирусот, не можеше да настапи на Австралија Опен како и на мастерсите во САД, Индијан Велс и Мајами.

Треба да знаете
Последни објави