Фудбалерките победени 10:0 од Англичанките на Арена „Тодор Проески“

Македонската женска фудбалска репрезентација загуби со (пре)убедливи 0:10 од Англија во меч од седмото квалификациско коло за Светското првенство идната година.

Како што и се очекуваше, една од најсилните селекции се прошета на „Тодор Проевски“ арената во Скопје и немаше поголеми маки да запише уште една двоцифрена победа во квалификациската група „Д“.

Најефикасна беше Бетани Мид која погоди во 6′, 12′, 47′, 53′, а зад нејзе следуваше Ела Ан Тун која погоди три пати (24′, 74′, 78′), додека во два наврати стрелаше Џорџија Станвеј (45′, 56′) а еднаш во листата на стрелците се запиша и Елен Вајт во 42-та минута.

Нашата селекција остана на три бода ѝ е на претпоследното место во групата, додека Англичанките се убедливо на врвот со неверојатна гол разлика од 63 дадени голови и ниту еден примен.

Треба да знаете
Последни објави