Search

Ракометарот Денис Тот не бил претепан, на КАРИЛ бил донесен без срцева акција

Според лекарите на КАРИЛ, тој вчера бил донесен на Клиниката без срцева акција, но и без видливи повреди, иако претходно се тврдеше дека тој бил претепан

Ракометарот Денис Тот се бори за живот на КАРИЛ. Според изјавата на лекарите, тој вчера бил донесен на Клиниката без срцева акција, но и без видливи повреди, иако претходно се тврдеше дека тој бил претепан. Информацијата ја потврдија и од МВР.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (7.4.2022) во 4:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бессознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста“,се вели во информацијата од МВР.

Во болницата се претставници на Амбасадата Хрватска и на семејството и на клубот Бутел, каде што игра хрватскиот интернационалец.

Треба да знаете
Последни објави