Лага било дека Абрамович го купува Газтепе

Турскиот прволигаш Газтепе шест месеци е во преговори со Расмус Анкерсен, дански бизнисмен и сопственик на англиски Брентфорд, но засега не е постигнат договор. Се што се случува со турскиот клуб за АС објасни потпретседателот на Газтепе, Талат Папатја, кој демантираше дека во игра бил и Роман Абрамович.

Иако турските медиуми, поточно новинарот Рагип Сојлу, објавија дека договорот е затворен и дека Абрамовиќ денеска официјално требаше да стане сопственик на турскиот клуб во екот на санкциите со кои се соочува, Папатја тврди дека тоа не е точно.

-Нема никаков контакт со Роман Абрамович. Се е лага, гласини дека има врска меѓу нашиот претседател и него. Абрамович не пришол и не разговарал со никого за да ја преземе контролата врз клубот. Нема такво нешто. Читаме во медиумите дека Абрамович го презеде клубот, но тоа не е важно. Ќе ги дадеме потребните појаснувања кога дискусиите за овие прашања ќе достигнат одредена зрелост. Но, ако Газтепе се поврзува со името на Абрамович, тоа значи дека имаме многу добар клуб, изјави Талат Папатја за шпански AС.

Треба да знаете
Последни објави