Брзата помош за хрватскиот ракометар: Беше легнат пред дискотека и имаше слаб пулс

Денис Тот денеска го загуби својот живот во клиничкиот центар во Скопје, откако бил донесен во лоша здравствена состојба, по што ниту реанимацијата на докторите не му помогнала, а од Здравствениот дом – Скопје за „НоваТВ“ открија во каква состојба го пронашле Хрватот.

Екипата околу 4 часот наутро добила повик за интервенција, по што пристигнала на местото на настанот пред ноќниот клуб „Привилиџ“, каде што Денис бил легнат на подот и помодрен.

„Екипата на Итната помош вчера рано наутро пристигна да интервенира, а тој беше легнат пред дискотеката и помодрен во лицето. Немало траги на насилство, а докторите констатирале ниска сатурација и слаб пулс. Лицето мирисало на алкохол, по што било однесено на Ургентниот центар“, изјавиле од Здравствениот дом за „НоваТВ“.

Извор: НоваТВ

Треба да знаете
Последни објави